Кошарка

Четворица македонски кошаркарски судии ќе ја претставуваат Македонија во АБА лигата 2025/26

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Четири македонски кошаркарски судии ќе бидат дел од судиската листа на АБА лигата за претстојната сезона 2025/26. Тие го положија задолжителниот претсезонски семинар кој се одржа овој викенд во Бања Лука, во организација на раководството на регионалното натпреварување.

На веќе етаблираните Александар Давидов, Боро Антовски и Никола Јакимовски, оваа сезона им се приклучува и Дејан Зафировски, кој успешно го мина тестирањето и ја заокружи македонската судиска „четворка“. Тие ќе бидат на располагање на одговорните лица за судискиот и делегатскиот сектор во АБА лигата – Срѓан Дожаи и Саша Маричиќ, претседател на Судиската комисија.

Во улога на супервизор-опсервер, како и во претходните сезони, ќе продолжи да делува Александар Милојевиќ, додека на делегатската листа се наоѓаат Антонио Теофиловски, Бобан Јосифовски, Зоран Николовски и Сашко Терзиевски, кои веќе подолг период ја извршуваат оваа функција во регионалното натпреварување.

Во новата сезона, македонската клупска кошарка ќе има свои претставници во АБА 2 лигата, преку актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и финалистот на плеј-офот ТФТ Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!