Во новата сезона од Втората женска фудбалска лига само шест екипи ќе се натпреваруваат, што е за две помалку во однос на лани. На стартот од истата веќе се одиграа две кола, а максимални шест бодови имаат Порече од Македонски Брод и Конзули од Битола.
Билјанини Извори има три бодови, а толку има и Слободен, додека пак екипите на Плачковица и Борец засега немаат бодови по две кола.
Конзули е прв фаворит за влез во Првата женска фудбалска лига, а првопласираниот тим има директен влез во елитата, додека пак вториот ќе игра браж со препоследниот прволигаш, а во трката за бараж влегуваат Порече и Билјанини Извори, кои од сенка ќе го напаѓаат и првото место.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 ➖ | 2 | 2 | 0 | 0 | 12 | 0 | +12 | 6 |
| 2 | ЖФК КОНЗУЛИ ЈУНАЈТЕД ➖ | 2 | 2 | 0 | 0 | 8 | 1 | +7 | 6 |
| 3 | ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 ➖ | 2 | 1 | 0 | 1 | 9 | 5 | +4 | 3 |
| 4 | ФК Слободен/ЖФК ➖ | 2 | 1 | 0 | 1 | 2 | 7 | -5 | 3 |
| 5 | ЖФК ПЛАЧКОВИЦА ➖ | 2 | 0 | 0 | 2 | 0 | 8 | -8 | 0 |
| 6 | ЖФК БОРЕЦ ➖ | 2 | 0 | 0 | 2 | 0 | 10 | -10 | 0 |