Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Брегалница и Беласица израмнети на врвот, Кожуф со најдобра одбрана, Скопје со најдобар напад!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Беласица - Скопје
Сподели

По пет одиграни кола екипите на Брегалница и Беласица имаат по 13 бодови и го делат врвот во Втората македонска фудбалска лига, поради подобрата гол разлика штипјани се позиционирани на првата позиција, а струмичани се на втората позиција.

Кожуф е трет со 11 бодови, а пак Шкендија Арачиново е четврта исто така со 11 бодови на своето конто. Сега тимот на Скопје е на петтата позиција откако прогресираше и на своето конто има 10 бодови. Тимот на Новаци со нови три бодови дојде до шестото место со девет бодови на своето конто, а пак Охрид со осум бодови се спушти на седмата позиција на позицијата, „рибарите“ имаат пад на второлигашката табела.

Детонит Плачковица е осми со седум бодови, колку што има и Осогово кој е на деветтото место, а пак Тетекс и Вардар Неготино имаат по шест бодови. На 12-тото место или во зоната за директно испаѓање е Каменица Саса со пет бодови, Слога Виница и Преспа од Ресен имаат по три бода, Победа е претпоследна со еден бод, а на дното без бодови е тимот на Големо Коњари.

Најдобар напад има тимот на Скопје кој има реализирано 16 погодоци, а пак најдобра одбрана има Кожуф од Гевгелија со два примени погодоци.


И натаму најлоша одбрана има Големо Коњари со примени 22 погодоци, а втора најлоша одбрана е таа на Победа со 20 примени погодоци. Најлош напад има Големо Коњари со само два постигнати погодоци на пет натпревари.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 🔼 5 4 1 0 15 4 +11 13
2 ФК БЕЛАСИЦА АД 🔼 5 4 1 0 14 5 +9 13
3 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 🔽 5 3 2 0 12 2 +10 11
4 ЗФК Шкендија Арачиново 77 🔽 5 3 2 0 11 3 +8 11
5 ФК СКОПЈЕ АД 🔼 5 3 1 1 16 8 +8 10
6 ЗФК НОВАЦИ 2005 🔼 5 3 0 2 8 8 0 9
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 🔽 5 2 2 1 7 5 +2 8
8 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ➖ 5 2 1 2 7 4 +3 7
9 ГФК ОСОГОВО 🔼 5 2 1 2 7 6 +1 7
10 ФК ТЕТЕКС 1953 ➖ 5 2 0 3 7 11 -4 6
11 ГФК ВАРДАР Неготино 🔼 5 2 0 3 7 15 -8 6
12 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔽 5 1 2 2 13 10 +3 5
13 ФК СЛОГА 1934 ➖ 5 1 0 4 6 7 -1 3
14 ФК ПРЕСПА ➖ 5 1 0 4 7 14 -7 3
15 ФК ПОБЕДА АД ➖ 5 0 1 4 5 20 -15 1
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 5 0 0 5 2 22 -20 0


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!