Кошарка

КК Пелистер го игра историското европско деби против Реџо Емилија

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Денес КК Пелистер ќе го игра своето историско европско деби. Битолската екипа ќе настапи на првиот официјален европски натпревар во својата историја, учествувајќи на еден од трите квалификациски турнири за Лигата на Шампионите на ФИБА. Натпреварот против италијанскиот тим Реџо Емилија започнува во 15:30 часот во Самоков.

Иако Италијанците се фаворити, Пелистерци се решени да излезат на терен и да остават трага во историјата. Доколку загубат, Битолчани ќе продолжат да се натпреваруваат во групната фаза на ФИБА Купот, каде ќе се сретнат со Цедевита јуниор од Хрватска, Патриоти Левице од Словачка и Керавнос од Кипар.

Во тимот ќе недостасуваат двајца играчи – Џордан Скипер Браун, кој го напушти клубот поради семејни причини, и Ленгстон Вилсон, чие сертифицирање е задоцнето.

„Реџо Емилија е тим со голем квалитет, предводен од грчкиот стратег Пифтис. Нивните странски играчи се искусни и играат на високо ниво со години, но за нас е голема чест и задоволство што можеме да се сретнеме со таков ривал. Ќе дадеме се од себе за достојно да го претставиме нашиот клуб и македонската кошарка. Ова е тренд што треба да го следат и другите клубови – преку европските натпревари се добива искуство и квалитет“, изјави тренерот Боро Даскаловски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!