Ракомет

Ѓорѓески: ,,Ако секој од нас го даде својот максимум против Вардар, можеме да стигнеме до позитивен резултат!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

После ремито со Алкалоид во првото коло, како и големата победа над Струга, Охриѓани викендов му гостуваат на Вардар во Скопје.

Со оглед на тоа дека во новата сезона, Охрид тргна со нов тренер, како и многу нови засилувања, тие досега и во подготвителниот период се наметнаа како сериозен претендент во борбата за титула. Имено, тие ги освоија и Струшкиот и Охридскиот Турнир, ремизираа во првото коло со екипата на Алкалоид на гостински терен, и убедливо ја совладаа Струга во второто коло на домашен терен, па очекуваме да гледаме интересен дерби- дуел против Вардар, во Скопје.

Охридскиот чувар на мрежата- голманот Даниел Ѓорѓески, за Спортска Мрежа го најави мечот од третото коло, кој ќе се одигра во сабота. Според него, Вардар е екипа со одлична одбрана, но смета дека ако тие го дадат својот максимум, можат да стигнат до поволен резултат:

,, Викендов играме против екипата на Вардар, на гостински терен. Вардар е одлична екипа, која игра доста добро, особено во одбрана. Ние ги анализираме, се подготвуваме максимално за овој натпревар и мислам дека ако секој од нас го даде својот максимум, можеме да постигнеме позитивен резултат во сабота. “ – вели искусниот голман.

Натпреварот е закажан во сабота, со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Борис Трајковски“, а исто така најавено е дека Охрид ќе има поддршка и од својата навивачка група- Рибари,  која ќе ги бодри од трибините.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!