Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Големата четворка во Втората лига – никој не попушта по четири кола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По четири одиграни кола време е за „нова лупа“ на табелата во Втората македонска фудбалска лига и да видиме како стојат работите на истата.

Четири екипи го држат врвот со по 10 бодови, но поради подобрата гол разлика Кожуф од Гевгелија кој го предводи младиот стратег Иван Варадиновски е на врвот од табелата со десет бодови, колку што има Брегалница која е втора, Шкендија Арачиново која е трета и Беласица која е четврта.

Кожуф го има најдобриот напад кој реализирал 12 погодоци, а толку имаат и Брегалница и Беласица, но тимот од Гевгелија ја има најдобрата одбрана со само два примени погодоци, а пак одбраните на Брегалница и Шкендија имаат по три примени погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа | Беласица – Скопје

Најблиску до врвот или само три бода разлика се екипите на Охрид и Скопје кои го делат петтото место. Популарните „рибари“ се наоѓаат на петтата позиција со седум бодови, а пак „пиратите“ од Автокоманда го држат шесттото место.

Три екипи имаат по шест бодови, Детонит Плачковица кој е седми, Новаци кој е осми и Тетекс кој се наоѓа на деветтата позиција на табелата. Каменица Саса конечно дојде до триумф откако со 1:8 го „прегази“ Вардар Неготино и така сега „рударите“ имаат пет бодови и се пробија до десеттото место на табелата.  Осогово е на 11-тото место со четири бодови на своето конто.


По три бодови имаат екипи на Слога Виница, Преспа и Вардар Неготино кои го делат 12-тото место на табелата, само еден бод има тимот на Победа, а на дното без бодови е Големо Коњари.

ФОТО: Големо Коњари – Детонит Плачковица

Најлош напад со само два постигнати погодоци на четири натпревари има Големо Коњари, а исто така овој тим ја има и најлошата одбрана која прими 20 погодоци на четири натпревари или во просек по пет погодоци. Втора најлоша одбрана има тимот на Вардар Неготино, која има примено 14 погодоци, а од кои осум само на мечот со Каменица Саса.


Дефинитивно имаме една интересна сезона, досега се одиграни 32 натпревари, а само на еден меч немаше погодоци, тој во Штип од првото коло кога Брегалница и Кожуф ремизираа без погодоци (0:0), додека на сите други 31 натпревар беа постигнати погодоци. Само во четвртото коло беа постигнати фантастични 40 погодоци.

Тимот на Каменица Саса ја држи највисоката победа засега во сезоната од 1:8 над Вардар Неготино, а тимот од Неготино го има највисокиот пораз засега.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА ➖ 4 3 1 0 12 2 +10 10
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД ➖ 4 3 1 0 12 3 +9 10
3 ЗФК Шкендија Арачиново 77 🔽 4 3 1 0 11 3 +8 10
4 ФК БЕЛАСИЦА АД 🔼 4 3 1 0 12 4 +8 10
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС ➖ 4 2 1 1 7 5 +2 7
6 ФК СКОПЈЕ АД ➖ 4 2 1 1 8 7 +1 7
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 🔽 4 2 0 2 7 4 +3 6
8 ЗФК НОВАЦИ 2005 ➖ 4 2 0 2 7 8 -1 6
9 ФК ТЕТЕКС 1953 🔼 4 2 0 2 7 10 -3 6
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔽 4 1 2 1 12 7 +5 5
11 ГФК ОСОГОВО ➖ 4 1 1 2 5 6 -1 4
12 ФК СЛОГА 1934 ➖ 4 1 0 3 5 5 0 3
13 ФК ПРЕСПА ➖ 4 1 0 3 6 12 -6 3
14 ГФК ВАРДАР Неготино ➖ 4 1 0 3 5 14 -9 3
15 ФК ПОБЕДА АД ➖ 4 0 1 3 4 12 -8 1
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 4 0 0 4 2 20 -18 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!