Прва лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Работнички и Пелистер, Ќерими го доби дербито меѓу Струга и Шкендија

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави имињата на официјалните лица кои ќе ја делат правдата на натпреварите од вонредното 6. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот меѓу Македонија ЃП и АП Брера Струмица ќе го води Ѓоргиев Крумислав со помош од Џонов Кристијан и Трпчевски Драган, четврти судија ќе биде Величков Боби, а во ВАР собата ќе бидат Грујоски Александар и Идризи Фуркан. Делегат е Ибиши Сулејман, додека контролор ќе биде Сеља Илир.

На средбата меѓу Башкими и Силекс главен судија е Стојанов Стојанче, асистенти ќе му бидат Ѓорѓиев Ристо и Гигов Александар, четврти судија е Тефику Ндерим, ВАР судија е Бафто Фатмир, а АВАР – Ѓорѓиески Мишо. Делегат е Бабачиќ Хајро, контролор Манојлоски Бранко.

Овие два натпревари се играа утре со почеток од 15:30 часот.

Судиската екипа за натпреварот Тиквеш – Шкупи ја предводи Ралевски Благојче, со асистенти Дрнковски Николче и Степановски Петар, четврти судија е Илиоски Влатко, ВАР судија Костенчев Никола, а АВАР – Дејаноски Мартин. Делегат на мечот е Блажовски Драган, контролор Мечкаровски Димитар.

Големото дерби помеѓу Струга Трим Лум и Шкендија ќе го суди Ќерими Бењамин. На аут-линиите ќе бидат Петрески Гоце и Ицковски Филип, додека четврти судија е Стојановски Марјан. За ВАР ќе биде задолжен Ристовски Доне, а АВАР е Ицев Тоше. Делегат на овој дуел е Цветановски Гоце, контролор Ристевски Љубе.

Овие два натпревари се играат во среда од 15:30 часот.

Судија на натпреварот Арсими – Вардар ќе биде Салихи Пларент со асистенти Изеири Вјолца и Јовчевски Дарко, четврти судија е Идризи Фуркан, ВАР судија Стојчевски Игор, а АВАР – Петрески Гоце. Делегат е Пишмановски Марјан, контролор Хајдари Џенан.

Во рамки на 6. коло ќе се одигра и средбата Работнички – Пелистер, на која главен судија е Качевски Јован. Асистенти се Ѓорѓиески Мишо и Ристоски Климент, четврти судија е Урошевиќ Александар, ВАР судија е Илиоски Влатко, а АВАР – Трајков Борис. Делегат е Насевски Антонио, контролор Јакимовски Делчо.

Овие два натпревари на програмата ќе биде во четврток, исто така со почеток од 15:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!