Прва лигаФудбал

Силекс перфектен со пет од пет, Брера со прва победа во сезоната

Сподели
Сподели

Вчера во Првата македонска фудбалска лига се одиграа два натпревари со различна тежина и емоции – Силекс ја продолжи перфектната серија со петта победа по ред, а Брера стигна до својата прва радост во новата сезона.

Во Кратово, Силекс беше поуспешен од Работнички со 3:1 и уште еднаш ја потврди одличната форма на стартот од шампионатот. Кратовци поведоа во 43. минута кога Хрвановиќ со удар со глава ја затресе мрежата на Василев. Во второто полувреме, Алиќ зголеми на 2:0, а Работнички се врати во игра преку Асани кој реализираше пенал во 79. минута по ВАР-интервенција. Сепак, конечните 3:1 ги постави Давид Матески во завршницата, повторно со потврда од ВАР собата. За „црвено-белите“ ова е петта победа од исто толку натпревари – максимален ефект кој ги држи на врвот на табелата.

Во Струмица, пак, АП Брера го совлада Шкупи со 1:0 и дојде до првиот триумф во Прва лига. Борбената средба беше решена во 85. минута кога Кире Стојанов успеа да се ослободи од чуварот и да погоди во спротивниот агол. Првично голот беше поништен поради офсајд, но по долга проверка во ВАР собата, погодокот беше признат, па домаќините конечно се израдуваа на првата победа оваа сезона.

Со овие резултати, Силекс останува лидер со максимален учинок, додека Брера со победата добива дополнителен елан за продолжението од првенството.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!