Втора лигаФудбал

Гол-шоу во ВМФЛ: 37 погодоци за едно коло – Саса и Кожуф неприкосновени, драматични пресврти на Брегалница, Скопје и Охрид!

Сподели
Сподели

Четвртото коло во Втората лига донесе вистински спектакл! На само шест натпревари беа постигнати неверојатни 37 погодоци, а утрешните два меча ветуваат уште поголема еуфорија и дополнителна доза драма.

Рударска експлозија во Неготино

Каменица Саса испиша историја! „Рударите“ буквално го растурија Вардар Неготино на „Цвај Арена“ со 1:8, во меч кој личеше на еднонасочна улица. Андреј Симевски блесна со покер од четири погодоци и ја потврди својата голгетерска класа, додека Ајрули погоди двапати, а Ефремов и повратникот Алиев ја заокружија фиестата.

За домаќините единствен стрелец беше Неделков, но црвениот картон на Ќазимов само ја продлабочи катастрофата. Вардарци претрпеа еден од најтешките порази дома и алармот е вклучен – три порази во низа и темни облаци над клубот.

ФОТО: Вардар Неготино – Каменица Саса | Спортска Мрежа

Кожуф е како брз воз од економска класа

Во Гевгелија, Кожуф ја декласираше Преспа со 7:1 во вистински огномет на голови. Тимот на Иван Варадиновски игра во „страшна“ форма и делува неприкосновено. Мемеди и Исмали постигнаа по два гола, а Гугуљанов, Шаркоски и Љушев се надополнија за вкупна „седумка“. За гостите единствена светла точка беше Емуш.

ФОТО: Кожуф – Преспа

Рибарска ги уловија трите бодови во Прилеп

Охрид извојува златна гостинска победа со пресврт над Победа (2:3). Иако прилепчани поведоа со 2:0 преку Петрески и Дебрешлиоски, „рибарите“ не се предадоа. Димитриевски најави враќање уште во првиот дел, а во второто полувреме Каланоски и Глигоров ја потопија Победа и го донесоа триумфот. Крајоски од Победа дополнително ја вжешти атмосферата со црвен картон по мечот.


Брегалница со доминација во вториот дел

Во Штип, Брегалница од 0:2 стигна до 4:2 против Новаци. Гостите со погодоци на Јовановски и Сиљаноски шокираа на стартот, но „сините“ ја вклучија турбината – Темелков намали пред одморот, Карчески израмни од белата точка, а Коцев и Тасев ја крунисаа фуриозната офанзива за голем пресврт.

ФОТО: Осогово – Скопје

„Пиратите“ го освоија Кочани

Скопје во драматичен меч го совлада Осогово со 2:3. Домаќините поведоа преку Ефтимов на полувреме, но Ангелов и Папули направија брз пресврт во вториот дел. Ангелов со втор погодок во 87’ го запечати триумфот, додека Стоиловски во последните секунди само го ублажи поразот. Мечот беше вистинска војна – главниот судија Салихи додели дури осум жолти картони на домашните, еден на тренерот Крстев, а асистентот Симоски заработи директен црвен картон!


Сигурна победа за тимот од Арачиново

Шкендија Арачиново рутинирано го совлада Големо Коњари со 4:0. Шабани и Нухија беа стрелци во првиот дел, а Чурлинов и Трпески ја завршија приказната во второто полувреме.

ФОТО: Вардар Неготино – Каменица Саса

Колото уште не е готово!

Утре во Тетово се игра дуелот меѓу Тетекс и Слога Виница, а вечерниот спектакл под рефлектори во Струмица – Беласица против Детонит Плачковица – ветува вистинско дерби за крај на ова незаборавно коло.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 🔼 4 3 1 0 12 2 +10 10
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД ➖ 4 3 1 0 12 3 +9 10
3 ЗФК Шкендија Арачиново 77 ➖ 4 3 1 0 11 3 +8 10
4 ФК БЕЛАСИЦА АД 🔽 3 2 1 0 11 4 +7 7
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 🔼 4 2 1 1 7 5 +2 7
6 ФК СКОПЈЕ АД 🔼 4 2 1 1 8 7 +1 7
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 🔽 3 2 0 1 7 3 +4 6
8 ЗФК НОВАЦИ 2005 🔽 4 2 0 2 7 8 -1 6
9 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔼 4 1 2 1 12 7 +5 5
10 ГФК ОСОГОВО ➖ 4 1 1 2 5 6 -1 4
11 ФК СЛОГА 1934 🔽 3 1 0 2 5 3 +2 3
12 ФК ТЕТЕКС 1953 ➖ 3 1 0 2 5 10 -5 3
13 ФК ПРЕСПА 🔽 4 1 0 3 6 12 -6 3
14 ГФК ВАРДАР Неготино ➖ 4 1 0 3 5 14 -9 3
15 ФК ПОБЕДА АД ➖ 4 0 1 3 4 12 -8 1
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 4 0 0 4 2 20 -18 0


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!