ФудбалЧетврта лига

Далбеговци со амбициозен состав за новата сезона во ОФЛ Битола

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Далбеговци, основан во 2023 година, за кратко време стана едно од најинтересните имиња во битолскиот фудбал. По успешната прва сезона и историскиот пласман од Петтата во Четвртата МФЛ, односно А-лигата Битола, клубот предводен од претседателот Ицо Стевановски најавува уште поголеми амбиции.

Во преодниот рок беа донесени сериозни засилувања – Николче Петрески од Светлост Кукуречани, голманот Николче Јовановски, Кристијан Тасевски од Младост Дедебалци, Кико Радојчик од Младост Горно Оризари, Николче Блажевски од Лисолај и Николче Ристевски од Питу Гули, како и Стефан Камбуровски. Со тоа, Далбеговци добива поголема широчина во ростерот и зголемена конкуренција на повеќе позиции.

Клубот успеа да ги задржи и клучните играчи од минатата сезона – Кико Наумовски, херојот од баражот, специјалистот за прекини Николче Петковски, капитенот и столб на одбраната Јове Каревски, како и Никола Стојовски кој се враќа по едногодишна пауза. Дополнително, тимот ќе добие свежина и од неколку млади таленти на само 16 години, кои се гледаат како иднина на клубот.

„Ова е прво наше учество во А-лигата Битола и со ваков состав, со борба и сложност, очекуваме голем успех. Позитивно е тоа што немавме многу заминувања, си отидоа само голманот Михаил Јошевски и Никола Митровски, но затоа успеавме да се засилиме со поквалитетни фудбалери,“ изјави претседателот Ицо Стевановски.

ФК Далбеговци за многу кратко време ја освои симпатијата на љубителите на фудбалот во Битола, а сега следи ново поглавје во кое клубот ќе се обиде да ја продолжи успешната приказна и да покаже дека е подготвен за поголеми предизвици.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!