РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Ја остваривме целта и се вративме на врвот во групата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедливи 5:0 го совлада Лихтенштајн во петтото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 и повторно се искачи на првото место во групата Ј.

На „Тодор Проески“ избраниците на Благоја Милевски од самиот почеток наметнаа доминација и постигнаа пет гола. Тоа, секако, буди убаво чувство и кај селекторот.

„Честитки до противникот и до нашите фудбалери за сериозноста, професионалноста и посветеноста на овој меч. Не случајно доминиравме на теренот. Имаме максимален респект за секој противник, но од почеток до крај Македонија беше подобра во сите аспекти, а Лихтенштајн имаше многу малку простор за игра“, изјави Милевски на прес – конференцијата по натпреварот.

Македонија сега ќе се фокусира на следните предизвици кои следуваат во октомври.

„Следниот предизвик ни е гостувањето во Белгија. Без разлика дали се подготвуваме за Лихтенштајн или за Белгија, подготовката е иста. Главната цел ја остваривме – останавме први во групата по овој квалификациски прозорец и продолжуваме со амбициите за пласман на Светското првенство“, истакна селекторот на националниот тим.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

По шесте порази, Македонија чека нова шанса: во петок ждрепка за опстанок во Б-дивизијата

Македонската фудбалска репрезентација ја затвори групната фаза во Лигата на нации без...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!