Прва женска фудбалска лигаФудбал

Саса го декласираше Вардар, Истатов ја освои Струмица, „лото“ победа за Скопје!

Сподели
Сподели

Четвртото коло во Првата женска фудбалска лига донесе „дожд од погодоци“ на сите натпревари. Најмногу голови имаше во Македонска Каменица каде екипата на Каменица Саса со убедливи 8:0 го декласираше дебитантот Вардар кој се’ уште не може да фати ритам во прволигашката конкуренција.

Ана Димитровска како на ракометен натпревар постигна шест погодоци, од кој едниот беше од белата точка, а пет од игра, по еден гол постигнаа Драгана Костова и Туане Де Соуза Фрагосо.

Без многу мака и без да форсира шампионот Љуботен во Битола се прошета и го доби Топ Гол со убедливи 0:3. Интернационалката од Нигерија, Мариан Огочукву Охадиве погоди во 43. минута за водство на полувреме на тетовскиот тим.

Во вториот дел Меланија Грозданова со два погодоци стави печат на високата победа од 0:3.

Кристина Петрушевска е херојот на Истатов, откако со три гола сама ја сруши Тиверија Брера среде Струмица за славје на „истатовки“ од 1:3.

По само четири минути игра Петрушевска постигна гол за 0:1, а веќе во 6. минута резултатот беше 1:1 со гол на Розита Пецева.

Во 37. минута Истатов имаше нова предност преку втор гол на Петрушевска, а во вториот дел со трет гол на Петрушевска екипата на Истатов славеше триумф од 1:3.

Кочани и Ас Јунајтед ги поделија бодовите откако одиграа реми од 2:2 на Градскиот стадион во Кочани.

Ангела Стојковска постигна гол за водство на Кочани во 14. минута, а веќе во 24. минута Оливера Цоклеска погоди за 1:1. По шест минута игра поранешната репрезентативка Афродита Салихи постигна гол за ново водство на домашниот тим од 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Бразилката Ана Беатриз Тарантино Гилхермино Салино постигна гол за конечни 2:2.

„Лото“ победа за екипата на Скопје откако со убедливи 7:0 го декласираше тимот на Речица. Двоен стрелец беше Ана Боризоска, а по еден гол постигнаа Михаела Додевска, Јована Каралиоска, Кристина Крстева и Никица Трендова, а пак Стефанија Стојановиќ си постигна автогол.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!