РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија поразена од Саудиска Арабија на пријателски меч во Прага

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во Прага и беше поразена со 1:2.

Нашиот национален тим поведе во 40. минута со атрактивен гол со ножички на Александар Трајковски, но противникот израмни уште пред полувремето преку Ал Брикан. Победничкиот погодок за Саудиска Арабија го постигна Абдулах Ал Хамдан во 78. минута.

По натпреварот, селекторот Благоја Милевски изјави:


„Има многу моменти од кои сум задоволен, особено затоа што експериментиравме со составот. Добивме уште двајца играчи кои ќе ја засилат конкуренцијата во тимот. Веќе нагласив дека натпреварот со Лихтенштајн е од големо значење за нас, а сè останато служи како подготовка. Одигравме квалитетен меч против силен противник и навистина ми е задоволство што работам со вакви фудбалери. Сите се адаптираат на новата формација и задачите. Против Лихтенштајн ќе бидеме максимално мотивирани, како што сме на секој натпревар“.

Македонија следниот меч ќе го одигра во недела од 18 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје против Лихтенштајн, во рамки на петтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска почнува в понеделник

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Задоволен сум од двете контролни средби со Летонија

Репрезентацијата до 16 години продолжува со серијата контролни натпревари преку кои селекторот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!