Историја за ЖФК Вардар, клубот за првпат ќе настапи во Првата женска фудбалска лига, а ќе заигра уште во оваа тековна сезона 2025/2026 откако ЖФК Атлетико од Битола се откажа од понатамошно натпреварување.
Скопскиот тим го пополнува местото на битолскиот тим во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.
Вардар две сезони во низа е вицешампион во Втората лига и двапати играше баражи за влез во елитата, но никако не успеваше да ги помине истите. Пред две сезони загуби од Топ Гол во Велес, а минатата сезона загуби од Речица во Скопје.
Но, сега откако Атлетико се откажа од натпреварување, Вардар доби шанса да заигра во елитата.
Вардар предводен од младата Теодора Димитровска веќе се екипира и бара засилувања за новата сезона, со оглед на тоа што првенството е започнато и ќе мора да донесе квалитетни фудбалерка за да има поголем квалитет во своите редови.
Се очекува како што дознава Спортска Мрежа веќе во следните денови и промоција на првите засилувања, а ќе видиме како Димитровска ќе ја воигра екипата и каква форма ќе има бидејќи нема простор многу за подигање на форма и одигрување на пријателски натпревари.
Но, во секој случај за Вардар ова е историја и Вардар го слави влезот во Првата лига.