ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Четвртолигашот Интер Кукла ги започна подготовките за новата сезона во ОФЛ Струмица!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Интер Кукла од Куклиш ги започна подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Клубот од струмичко Куклиш веќе една недела е во тренажен процес и се подготвува за предизвиците во новата сезона.

Клубот веќе е целосно комплетен откако се приклучија и останатите играчи на подготовките, со што во полн состав и полна пареа Интер Кукла ја темпира формата за новата сезона.

„Иако сѐ уште не сме во целосен состав, атмосферата и желбата за работа се на највисоко ниво“, истакнаа од ФК Интер Кукла.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!