Втора лигаФудбал

Ралевски ќе го суди дербито меѓу Охрид и Беласица, Ристов го доби дербито меѓу Саса и Осогово

Сподели
Сподели

Со натпреварите кои се закажани за сабота со почеток од 17:00 часот, стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија ги објави официјалните делегирања за сите осум средби од 1. коло.

Во Неготино, ГФК Вардар ќе го пречека Тетекс. Главен судија ќе биде Боби Величков, со помош од Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов. Четврти судија е Игор Иванов, делегат е Тони Ефтимов, а контролор на судење ќе биде Иса Емурли.

Во Охрид, екипата на Охрид Лихнидос ја дочекува Беласица. Средбата ќе ја води Благојче Ралевски, со асистенција од Јовче Кокевски и Николче Николовски, додека Владимир Ѓорѓиевски е четврти судија. Делегат е Зоран Перески, а контролор Џенан Хајдари.

Новаци ќе ја пречека Победа. Главен арбитар е Димитар Левески, со помош од Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски. Четврти судија е Јован Качевски, делегат е Фатмир Салаи, а контролор Горан Манасиев.

Во Штип, Брегалница игра против Кожуф од Гевгелија. Главен судија е Ндерим Тефику, асистенти се Горан Милошевски и Филип Николов, четврти судија е Борче Павловиќ. Делегат е Дејан Тасески, а контролор Сашко Ангелов.

Во Големo Коњари, истоимената екипа ФК Големо Коњари ќе го пречека Детонит Плачковица. Главен арбитар е Ангелчо Ристов, асистенти се Давор Дишлиевски и Зоран Ангелов, четврти судија Ангел Гелов. Делегат е Емин Кранли, а контролор Драган Ристовски.

Каменица Саса на домашен терен ќе го пречека Осогово. Натпреварот ќе го води Сашко Ристов, со асистенција на Ѓорѓи Станковски и Михаил Џорлев. Четврти судија е Здравко Костовски, делегат е Арменд Дестани, а контролор Делчо Јакимовски.

Во Ресен, Преспа ќе биде домаќин на Шкендија Арачиново . Главен судија е Марјан Стојановски, со помош од Давор Цветаноски и Осман Зеќири. Четврти судија е Дарко Котевски, делегат Зоран Ѓорески, а контролор Зоранчо Темелков.

Во Автокоманда се среќаваат Скопје и Слога Виница. Главен арбитар е Бардхиљ Ибраими, со асистенција од Хабиљ Љиворека и Метин Османи, додека четврти судија е Марјан Младеновски. Делегат на мечот е Ангел Ташев, а контролор Ѓорги Карајанов.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!