ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Ориол Реј Моралес: „Во Охрид се чувствувам прифатено, целта ни е да растеме како тим и да прикажеме подобра игра“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Деновиве, во Охрид се игра Меѓународниот меморијален турнир ,, Крсте Андоновски”, каде домаќин е ГРК Охрид. Турнирот е одлична шанса за сите учесници да се воиграат и да ја проверат формата пред почетокот на новата сезона.

Денес, во фокусот го имаме новото засилување на охриѓани-
шпанскиот дефанзивен ѕид, Ориол Реј Моралес.

Искусниот шпански дефанзивец, кој важи за еден од најдобрите одбранбени ракометари во шпанската Асобал лига, веќе е подготвен за нов предизвик во македонското првенство.

На 31 година и со импресивно ракометно резиме, Моралес доаѓа од редовите на Гранолерс – клуб со кој минатата сезона играше и во Европската Лига, а претходно дури шест сезони го носеше дресот на ракометниот гигант Барселона, со која настапуваше во Лигата на шампионите.

ФОТО: Спортска Мрежа

Исто така, две сезони беше дел и од францускиот тим Пау Аикс, а своето искуство го надградуваше и преку настапи во младинските категории на репрезентацијата на Шпанија, каде често се наоѓаше на поширокиот список и за сениорскиот состав.

Веднаш после првиот натпревар на охридскиот тим на турнирот, кој го играа против екипата на Киндил од Фарски Острови, поразговаравме со Моралес, па во продолжение ви го доловуваме нашиот краток разговор.

Со оглед на тоа дека си нов играч во Охрид, кои се твоите први импресии и впечатоци од новиот клуб, новиот тренер и твоите нови клупски колеги?

„Се чувствувам многу пријатно тука, поради луѓето..тие ми овозможуваат да се чувствувам така. Клубот е многу фокусиран на играчите- сите да бидат здрави и да им помага за што и да треба..колегите се многу пријателски расположени и добри луѓе..се чувствувам прифатено. Дури и подобро ми е отколку што очекував. Од гледна точка на ракометот, е малку различно..тука се игра поинаков ракомет, па се трудам полека да се адаптирам и на тоа.“

Овој турнир, на кој сте домаќини, како и турнирот во Струга- кој го освоивте, се одлична можност за вас да играте заедно како тим, за првпат. Рано е да се каже, сè уште се запознавате меѓусебе… но дали си задоволен од играта што ја прикажувате деновиве? Дали се чувствува таа кохезија и енергија што треба да ја поседува еден победнички тим?

ФОТО: Спортска Мрежа

„Сметам дека тука се важни повеќе работи- како тактички играме заедно, и колку сме ефективни. Па така, во однос на ефективноста, почувствував од првиот момент дека се градиме како добар тим, но тактички, секогаш мора да играш, играш и играш..можеби не можеме да бидеме уште сега задоволни од играта во оваа фаза, но се бориме да напредуваме и да бидеме сè подобри“, смета Шпанецот.

Кои се твоите очекувања за Охрид оваа сезона, во Супер Лигата и Европскиот Куп?

ФОТО: Спортска Мрежа

„Јас го имам тој проблем, да не ги познавам толку добро ниту македонската лига, ниту Европскиот Куп, секако дека ги знам тимовите и играчите..меѓутоа никогаш досега не сум играл против нив. Секако, едно е да ги знаеш, а друго е да играш против нив, на терен. Но, моите впечатоци се, секако, да бидеме подобри од претходно, а главната поента е да прикажеме подобра игра и голем напредок. Ако се фокусираме само на тоа, работите сами ќе си дојдат“, завршува Моралес.

Јасно е дека Охрид добива квалитетен столб во играта, со европско искуство и со јасна улога – да ја зацврсти одбраната и да донесе стабилност и сигурност на теренот. А ние – му посакуваме многу успешни моменти со својот нов тим.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!