Голем фудбалски празник е во најава во Свети Николе за следниот вторник (26 август) големиот фудбалски гигант Вардар ќе одигра пријателски натпревар против третолигашот Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе.
Натпреварот меѓу најтрофејниот македонски фудбалски гигант Вардар и третолигашот Овче Поле ќе започне во 17 часот.
Овој пријателски меч на Овче Поле против големиот Вардар е увертира за прославата на третолигашот од Свети Николе, по повод еден век постоење, а за што клубот дополнително ќе извести околу самата прославата.
„Со огромна чест и задоволство Ви го најавуваме пријателскиот натпревар на нашата екипа против најтрофејниот Македонски клуб и најголем бренд ФК Вардар од Скопје“, велат од ФК Овче Поле.
Екипата на Овче Поле се натпреварува во Трета лига – Исток, а годинава гради тим со кој ќе атакува на првото место и со тоа да игра одново бараж по неколку сезони за Втора лига.
Спортска Мрежа веќе ги објави новите засилување кај третолигашот од Свети Николе.