Останато

Сара Митевска блесна во двојки, Кристијан Јанев стигна до полуфинале на Југ Опен 2025

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Сара Митевска со триумф во конкуренција на двојки го заврши турнирот „Југ Опен 2025“ што се одржа во Скопје за играчи до 18 години.

Митевска заедно со кинеската тенисерка Фанг Ју Шанг во големото финале ги совладаа Викторија Новакова и Дијана Петрасова со убедливи 2-0 во сетови (6-4, 6-1).

Во поединечна конкуренција кај момчињата, Кристијан Јанев, член на македонската Дејвис куп репрезентација, стигна до полуфиналето, каде што беше поразен од Романецот Лука Стефан Нита со 2-0 (6-2, 7-5).

Ова беше втор од серијата меѓународни турнири што се играат во главниот град. Веќе оваа недела, на терените на ТК Југ стартува следниот турнир – „J30 Скопје Интеко Опен 2025“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!