Прва женска фудбалска лигаФудбал

Левески ќе им суди на Ас Јунајтед и Атлетико, Изеири го доби соочувањето меѓу шампионот Љуботен и Истатов

Сподели
Сподели

Денес започнува новата сезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од првото коло.

Познати се и судиите кои ги делегираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварите од првото коло.

Сезоната ќе биде отворена во Тетово со натпреварот меѓу шампионот Љуботен и незгодниот Истатов, а кој меч започнува во 16 часот. Таму главен судија ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар, а нејзе ќе и помагаат Елена Соклевска Илиевска и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Во 17 часот ќе започне мечот во Пржино каде фаворитот Скопје го пречекува повратникот Кочани, за правдата ќе биде задолжен Дарко Котевски од Битола, а негови помошници ќе му бидат Ангела Домазетовска од Битола и Татјана Ивановска од Куманово.

Во 17:30 часот ќе започнат три натпревари. Во Битола екипата на Топ Гол ќе се соочи со Тиверија Брера. Правдат ќе ја дели Ангелчо Ристов од Неготино, а ќе му асистираат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски од Струга.

Речица на домашен терен ќе игра против фаворитот Каменица Саса, а Ангела Рајчевска ќе ја дели правдата со нејзините помошници Радмила Неркова од Велес и Цветанка Савеска од Јегуновце.

Во Струга ќе се сретнат Ас Јунајтед против битолски Топ Гол, каде главен судија ќе биде Димитар Левески од Охрид, а негови помошници ќе бидат Николче Николовски од Ресен и Стефан Петрушевски од Охрид.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Топ Гол – Тиверија Брера, Ангелчо Ристов (Неготино)
Скопје – Кочани, Дарко Котевски (Битола)
Речица – Каменица Саса, Ангела Рајчевска (Скопје)
Љуботен – Истатов, Вјолца Изеири (Гостивар)
Ас Јунајтед – Атлетико, Димитар Левески (Охрид)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!