Спортска Мрежа од Струга
Натпреварот за трето место меѓу Тиквеш и турска Бурса на струшкиот турнир се играше на две локации – започна на отворениот терен покрај Охридското Езеро но дождот го “пресели” мечот во СЦ “Тими”, каде се одигра и финалето.
Мечот за трето место се играше во формат од 2х20 минути бидејќи имаше доцнење поради промена на локацијата, а со цел да не се пробие терминот за големото финале.
Натпреварот беше доста израмнет во првиот дел каде се играше гол за гол, а на полувреме турскиот тим замина со гол предност.
Во вториот дел од мечот одново продолжи таа неизвесна борба во која Тиквеп бркаше гол до два негатива.
На четири минути до крајот Тиквеш израмни на 15:15, за што турскиот тим бараше тајм-аут. Во регуларниот дел беше 16:16, а победникот се решаваше во пенал рулетот, кој беше кобен за Бурса, а Тиквеш заврши на третата позиција.
За Тиквеш шест погодоци имаше Чејовиќ, а пак Коцев четири постигна Коцев, кај Бурса најдобар беше Озбахар со седум погодоци.