Турнири

Традиционален фудбалски турнир во Долни Подлог – 46. издание, стартот е утре

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во Долни Подлог, кочанско повторно ќе биде центар на младинскиот спортски дух, бидејќи таму веќе утре започнува традиционалниот турнир во фудбал, кој годинава слави 46 години постоење и важи за еден од најдолговечните спортски настани во регионот.

На турнирот годинава ќе учествуваат осум екипи составени од млади и перспективни фудбалери, а спортскиот спектакл ќе започне со натпреварот меѓу екипите на Горни Подлог и Долни Подлог, што ќе биде дерби уште на воведниот меч.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, а влезот за публиката ќе биде слободен.

Ноќните натпревари ќе биде причина плус за многубројна публика која ќе ужива во одличен фудбал.

Организаторите за Спортска Мрежа најавуваат динамични и возбудливи дуели, но во преден план ќе биде фер-плеј атмосфера и многу моменти кои ќе се паметат, а кои од генерација на генерација се раскажуваат.

Настанот е финансиски и логистички поддржан од општина Кочани, која и оваа година ја потврдува својата поддршка за младинскиот спорт.

Годинава учество земаат екипите на Долни Подлог, Горни Подлог, Осогово (младинци), Облешево, Кучешиново, Чифлик, Спанчево и Соколарци.

Спортска традиција жива речици половина век, од недела започнува фудбалската магија, a големото финале е закажано за 28 август.

Спортска Мрежа годинава за првпат медиумски ќе го поддржи овој спортски настан.

 

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!