Прва лигаФудбал

Осумнаесетгодишниот Екснејдер Гереро се приклучи на Македонија ЃП!

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Осумнаесетгодишниот Колумбиец Екснејдер Гереро е најновото засилување на македонскиот клуб Македонија ЃП. Тој игра на позицијата десно крило и доаѓа од Панама како слободен играч, носејќи свежина и младешка енергија во нападот на тимот.

Претходно Гереро имаше настапи за неколку колумбиски клубови, каде ги покажа своите креативни способности и брзина на крилната позиција. Според податоците на Трансфермаркет, 1,65 м високиот крилен напаѓач моментално има пазарна вредност од околу 125.000 евра.

Во второто коло од новата сезоната, Македонија ЃП ќе ја пречека екипата на Шкендија на домашен терен, а натпреварот ќе започне во 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!