Фудбал

Нова донација од ФФМ за развојот на фудбалот во Македонија!

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

 ФФМ започнува со значајна донација за клубовите и младинските екипи. Во рамки на иницијативата, 72 клуба од Трета МФЛ ќе добијат околу 1.400 фудбалски топки, додека 140 младински тимови од Супер лигата, Втората и Третата младинска лига ќе добијат повеќе од 3.000 топки.

Оваа донација им овозможува на клубовите неопходна опрема за тренинзи и натпревари, со цел создавање подобри услови за работа и развој на младите фудбалери. Иницијативата е дел од континуираната заложба на ФФМ за еднакви можности и квалитетни услови за сите клубови, без разлика во кој ранг на натпреварување учествуваат.

ФФМ најавува дека во декември ќе следува уште една донација на опрема за младинските категории, како дел од долгорочниот план за поддршка на развојот на фудбалот во земјата. Во претходниот период, федерацијата донираше речиси 2.000 топки на сите Општински фудбалски сојузи, а клубовите од Првата МФЛ добија по 30 ПУМА топки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!