Турнири

ВИДЕО: Пилана Жарко е победник на меморијалниот турнир во Дебреште – одново пеналите решаваа!

Сподели
Сподели

Пенали го решија меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“, речиси секоја вечер во текот на целиот турнир пеналите решаваа натпревари, па така беше и на последниот финале ден.

Екипата на Пилана Жарко е победник на турнирот откако во големото финале славеше над Твинекс. Регуларниот дел донесе шест погодоци за реми на двете екипи од 3:3.

Во пенал серијата повеќе среќа имаше тимот на Пилана Жарко, резултатот од ударите од белата точка беше 3:2.

Во малото финале или во мечот за трето место подобар беше тимот на Фенербахче, откако со 4:3 славеше над Центар Бела Црква.

Според конечниот пласман победник и шампион е тимот на Пилана Жарко, Твинекс е второпласиран тим, Фенербахче го освои третото место ,а пак Центар Бела Црква е четвртопласиран тим.

Спортска Мрежа и годинава медиумски го поддржа меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“, турнир кој е одлично организиран, турнир кој ги собра најдобрите екипи на едно место. Публиката во Дебреште уживаше секоја вечер, проследи одлични дерби натпревари, многу возбудливи натпревари, дерби пресметки, погодоци, шанси, моменти за паметење.

Овогодинешното издание од меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ заврши, спортски поздрав од Дебреште до следното издание во 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!