Турнири

Том Гор ги „искина“ мрежите во Волино, реми на Др Баткоски и Бел Мерцедес

Сподели
Сподели

На турнирот „Богородица Куп 2025“ во Волино, љубителите на малите голови уживаа во четири возбудливи натпревари исполнети со динамика, борбеност и одлични потези, но и многу погодоци.

Во првиот меч од вечерната програма, екипата на Турист Инжинеринг доживеа вистински потоп, откако Том Гор покажа поголема ефикасност и славеше со резултат 1:15, демонстрирајќи импресивна напаѓачка игра.

Следеше атрактивен дуел помеѓу Плажа Канео и Компани Стојкоски, каде што гледачите видоа дури 11 погодоци. По возбудлива игра и многу шанси, Компани Стојкоски славеше со 4:7.

Третиот меч донесе пет погодоци, каде што Лаз Бун ја наметна својата игра и со сигурни 4:1 ја совлада екипата на Кутмичевица Вевчани, покажувајќи цврста одбрана, а укажаните шанси ги претвараше во погодоци.

Вечерта заврши со најнеизвесниот натпревар – Др Баткоски и Бел Мерцедес одиграа израмнет меч, кој заврши без победник, 1:1, а на мечот преовладуваа шансите за повеќе погодоци, но без реализација.

Турнирот продолжува утре со нови возбудувања, а љубителите на мал фудбал сигурно ќе уживаат во уште повеќе спектакуларни голови и спортска атмосфера.

Распоред за четврток (14 август)

20:00 Новапор – Кафе бар Лавадо
21:00 Чардак Велгошти – Македонија
22:00 Ескобар – Сатеска
23:00 Брумел – Ресорт Бате боле

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!