Останато

Големо засилување за Пелистер Волеј – пристигна искусната Мартина Николова!

Сподели
ФОТО: Пелистер Волеј
Сподели

Екипата на Пелистер Волеј продолжува со амбициозното засилување на составот за претстојната сезона, а најново име во зелено-белиот дрес е репрезентативката на Македонија и искусен среден блокер, Мартина Николова.

Таа доаѓа од редовите на Работнички Скопје и зад себе има блескава клупска и репрезентативна кариера, исполнета со бројни трофеи и признанија.

Николова е вистинско шампионско засилување за битолскиот прволигаш – во својата кариера има освоено дури четири шампионски титули и три двојни круни во македонската одбојка. Првите трофеи ги освои во сезоната 2018/19, кога стана и шампион и куп-победник на Македонија.

Истото сценарио го повтори во сезоните 2021/22 и 2022/23, со што ја потврди својата константност и врвно ниво на игра. Освен домашните успеси, Николова има настапувано и на меѓународната сцена, освојувајќи го петтото место на Балканскиот куп (BVA Cup) во 2023 година и учествувајќи во Челенџ купот. Истиот период беше и дел од сениорската репрезентација на Македонија во Европската сребрена лига.

Со своето големо искуство, сигурна игра и лидерски квалитети, Николова се очекува да биде од огромно значење за тимот на тренерскиот штаб на Пелистер Волеј. Битолчани ова лето веќе донесоа неколку квалитетни засилувања – Белорусинката Алина Жевлакова, Американката Шиник Никол Мекги, како и македонските одбојкарки Ева Трпеновска и Симона Стојановска.

Овие потези јасно ја потврдуваат намерата на Пелистер Волеј да се бори за највисок пласман и да ја зацврсти својата позиција меѓу најдобрите во македонската женска одбојка. Со доаѓањето на Николова, тимот добива проверен шампион кој знае како се освојуваат титули и кој ќе биде клучен дел од новата зелено-бела приказна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Останато

Националното првенство во пливање донесе нови рекорди – Цеков доминираше на 1500м, Јанковски најбрз на 50м

Националното првенство во пливање донесе нови државни рекорди во машка конкуренција. Најимпресивен...

Останато

Историски успех за М.Т.Т.Ф: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Прв медал во сениори во историјата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од...

Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Филип Блажевски вчера во Приштина, Косово, го освои бронзениот медал на Европското...

Останато

Македонија со претставник на завршната конференција на „Играј одбојка, расти со неа“

Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ, учествуваше на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!