Вчера во Кратово со мечот меѓу Силекс и Брера Струмица кој заврши со убедливи 5:0 се комплетираше првото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Од аспект на погодоци само во Кавадарци мрежи мируваа каде Тиквеш и Работнички одиграа 0:0. Кога се во прашање погодоци или најдобрите стрелци тројца фудбалери со по два погодоци се истакнаа во првото коло.
Младото засилување на Вардар, Димитар Данев постигна два гола против Пелистер во рамки на првото коло, Бесарт Ибраими од Шкендија, кој е најдобар стрелец во историјата на мак-фудбалот со два погодоци против Шкупи ја отвори сезоната, додека пак Мигуел Ангело Ферреира Пирес од Силекс постигна два гола против Брера во првиот меч од ПМФЛ.
Уште 14 фудбалери се запишаа во листата на најдобри стрелци со по еден гол, а по првите 90 минути нема постигнато автоголови.