Турнири

Мартиник Мебел и Гранит Х убедливи – драматично реми во дербито на втората вечер

Сподели
Сподели

Вториот натпреварувачки ден на „Богородица Куп 2025“ донесе уште повеќе возбудувања и погодоци за публиката во Волино.

Во првиот меч, Мартиник Мебел одигра моќно и безмилосно, совладувајќи ја Македонија со убедливи 4:0. Екипата покажа одлична екипна игра и сигурно го започна својот настап на турнирот.

Гранит Х исто така славеше со високи 4:1 против Дооел Ноче, контролирајќи го мечот од почеток до крај и потврдувајќи дека важи за еден од фаворитите во својата група.

Вечерта беше затворена со вистинска драма – Чардак Велгошти и Гостилница кај Мече одиграа возбудливо реми 3:3, па така двете екипи мораат да се задоволат со поделба на бодовите.

Турнирот продолжува утре со нови три дуели, а љубителите на малиот фудбал можат да очекуваат уште повеќе атракции и голови.

Спортска Мрежа годинава за првпат е медиумски покровител на овој спортски настан, а овој турнир важи за еен од најдобро организираните.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!