Прва лигаФудбал

Демири: Знаеме дека нѐ очекува еден тежок натпревар во Кавадарци, но ние сме добро подготвени!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Работнички минатата сезона заврши на високото трето место во Првата лига што му овозможи излез во Европа, играше во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, но беше елиминиран уште во првото коло.

Фокусот сега е на домашното првенство, а сезоната екипата од Дебар Маало ја отвара денес во Кавадарци против Тиквеш.

Капитенот на Работнички, Бесир Демири вели дека знаат оти ги очекува тежок меч во Кавадарци, но дополнува дека се подготвени добро за стартот на новата сезона.

„По настапите во Конференциската лига и елиминацијата, нашите мисли во изминатите дваесетина дена се насочени кон стартот на првенството. Мислам дека сме добро подготвени, но тоа ќе мора да го покажеме и на теренот. Гостувањето во Кавадарци секако е сериозен испит, Тиквеш е квалитетен тим, ова лето и дополнително се засили, а и посебно добро игра пред своите гледачи. Знаеме дека нѐ очекува еден тежок натпревар, но подготвени сме да го дадеме најдоброто од нас и ќе се обидеме да освоиме бодови“ вели новиот капитен на Работнички, Бесир Демири.

Екипата на Работнички сезоната ја започнува со нов шеф на стручниот штаб, Бојан Маркоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!