Трета лигаФудбал

Поголема минутажа за младите фудбалери во Третата лига сезона 2025/26

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во сезоната 2025/26, Третата македонска фудбалска лига воведува нови правила со цел поголема минутажа за младите играчи. Секој клуб учесник мора да има во составот најмалку четири фудбалери кои немаат наполнето 21 година.

Тоа што го најави Спортска Мрежа кон средината од месец јули, сега се потврдува.

Според пропозициите, натпреварот мора да започне и првото полувреме да заврши со најмалку тројца играчи под 21 година. Исклучок од ова правило е можен само во случаи на епидемија, пандемија или доколку екипата остане со само единаесет фудбалери кои не можат да настапат.

За сезоната 2025/26, како фудбалери под 21 година се сметаат сите родени на или по 1 јануари 2004 година. Овие играчи ќе имаат право на настап во оваа категорија во текот на целата сезона.

Во Третата лига не е дозволено учество на странски фудбалери. Исто така, секој играч во рок од 48 часа може да одигра најмногу три полувремиња, од кои најмногу две во период од 24 часа.

 Третата лига моментално е поделена на пет региони: Исток, Запад, Југозапад, Север и Југ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!