Турнири

Центар Бела Црква со убедлива победа во Дебреште, два натпревари се решаваа во пенал-рулетот!

Сподели
Сподели

Синоќа започна осминафиналето на меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ во прилепско Дебреште, два натпревари се решаваа во пенал-серијата.

Пред многубројната публика која и секоја вечер беше тука да даде поддршка, првиот меч заврши без победник во регуларниот дел, Имран Транс и Гранд Истанбул одиграа 1:1, а во пенал серијата екипата на Имран Транс беше подобра со 2:1 и со тоа се чекираше во четвртфиналето.

Во вториот меч публиката проследи доминантен и квалитетен меч со допадлив фудбал, откако Центар Бела Црква со 6:1 како на тренинг меч го декласираше Елемент Систем.

Во третиот меч одново пенали мораа да го решаваат патникот за влез во четвртфиналето, во регуларниот дел Долно Јаболчиште и Галатасарај доиграа 1:1, а во пенал серијата тимот на Галатасарај беше подобар со 1:3.

Вечерва продолжуваа новите возбудувања, а Спортска Мрежа и годинава како медиумски покровител на овој настан ќе ја пренесе атмосферата и резултатите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!