Прва лигаФудбал

ФОТО: Вардар моќно стартува – четири гола во мрежата на Пелистер

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Најтрофејниот македонски клуб Вардар со убедлива победа од 4-1 над големиот ривал Пелистер го отвори новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига. На Националната Арена „Тодор Проески“, пред повеќе од 5.000 гледачи и во врел дерби-амбиент со „Комити“ и „Чкембари“ на трибините, „црвено-црните“ ја демонстрираа својата надмоќ.

Херој на вечерта беше Димитар Данев, младински репрезентативец и ново засилување од Работнички, кој двапати ја тресеше мрежата на битолчани. Голот за водство (1-0) го постигна во судиското продолжение на првото полувреме, по одлична акција и асистенција на Азер Омерагиќ.

Вториот дел започна со мајсторија на Роџерс Мато, кој во 50. минута од работ на шеснаесетникот со прецизен удар зголеми на 2-0. Пелистер се врати во игра во 65. минута преку Лука Булатовиќ, кој со првиот допир по влезот во игра намали на 2-1.

Сепак, надежите на „зелено-белите“ ги згасна Данев, кој во 80. минута со лева нога ја погоди целта за 3-1, а конечните 4-1 ги постави Диего Кастенада во самиот финиш со ефектна завршница во мал простор.

Вардар со оваа победа најави дека е подготвен за уште една силна сезона, а Пелистер ќе мора брзо да ја залечи раната пред следните предизвици во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!