Во духот на традицијата и спортот, ова лето Волино повторно ќе пулсира со адреналин и фудбалски возбудувања – започнува 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“. Овој реномиран турнир, кој секоја година ги собира најдобрите екипи од регионот, оваа година ќе има и посебна, емотивна димензија.
Турнирот ќе се одржи во с. Волино, општина Дебрца, а годинашното издание ќе биде со меморијален карактер, посветено на прерано починатиот Крсте Илинкоски – голем љубител на спортот и долгогодишен поддржувач на турнирот и на локалниот фудбалски клуб ФК Сатеска.
Во негова чест, наградата за најдобар стрелец од оваа година ќе го носи името „Крсте Илинкоски“, како симбол на неговото спортско наследство и љубов кон фудбалот.
- Турнирот нуди атрактивен награден фонд:
🥇 Прво место – 200.000 денари
🥈 Второ место – 100.000 денари
🥉 Трето место – 30.000 денари
🎖️ Четврто место – 10.000 денари
Рокот за пријавување е продолжен до 8 август 2025, ждрепката ќе се одржи на истиот ден – 08.08.2025 во 21:00 часот. Турнирот започнува на 10 август 2025. Котизација: 4.000 денари по екипа
- За пријавување и информации:
075 977 961 (Никола)
075 811 845 (Даниел)
„Богородица Куп“ и ова лето ветува силни натпревари, преполни трибини и вистински спортски дух. Ве очекува незаборавен фудбалски празник во Волино – не го пропуштајте!
Спортска Мрежа оваа година за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што навивачите и љубителите на мал фудбал ќе имаат можност секоја вечер да ги следат резултатите, најдобрите моменти и случувањата од теренот.