Второлигашот Беласица одигра нов пријателски меч, во Валандово против повратникот во Трета лига – Исток, екипата на Победа, а кој тест натпревар го доби со убедливи 0:5.
Разликата во квалитет е голема, Беласица има искусна екипа и ќе биде меѓу главните фаворити во борбата за влез во Прва лига, но за младата екипа на Победа ваквиот меч е повеќе од важен со цел добивање на потребно искуство, знаење и воигрување со квалитетен противник.
Беласица новата сезона во Втора лига ја отвара со дерби на „Билјанини Извори“ против Охрид, а пак Победа од Валандово се врати во Трета лига – Исток и ќе ја чека ждрепката со цел да го добие противникот за првото коло од новата сезона која стартува на 7 септември.

Тоа што е за поздравување е што со враќањето на Победа во Трета лига – Исток се врати и публиката на градскиот стадион во Валандово.
Двете екипи во следниот период продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари.