Турнири

ВИДЕО: Агросмарт со девет гола го освои „Влатко Петров 2025“ – во перфектно финале и многу публика!

Сподели
Сподели

Успешно заврши 25-тото издание на меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“, кој се игра во штипската населба Чардаклија. На финалниот ден пред многу публика се одиграа квалитетни натпревари за успешно затварање на овогодинешното издание на овој меморијален турнир кој се игра во чест на Влатко Петров, кој загина на 3 мај во воениот конфликт во 2001 година во Ваксинце, кумановско.

Во големото финале екипата на Агросмарт буквално го торпедираше тимот на Le Mans со превисоки и недостижни 9:3.

Ова е прв титула за тимот на Агросмарт на „Влатко Петров“, а тимот кој од почеток беше меѓу главните фаворити за титулата, истата ја оправда.

Во натпреварот за третото место екипата на Штерјов Credy со 5:1 убедливо го доби БР Сашо ГИС.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Мики Митров, за најдобар голман Иван Стојаноски – Шваба, а најдобар стрелец е Тале Трајковски.

Организаторот додели и награда за фер-плеј екипа, која ја доби екипата на Благица Kitchen.

„Како организационен одбор се извинуваме доколку имаше одредени пропусти иако тежнеевме се да биде совршено и максимално регуларно. Благодарност до сите екипи без исклучок кои беа учесници на турнирот. За следната година најавуваме уште посилна организација во подобар амбиет за игра со изградбата на трибината која што веќе е договорена и со која ќе се заокружи една целина“, велат организаторите на турнирот.

Спортска Мрежа и оваа година медиумски го поддржа овој турнир, а нашата соработка започна уште во 2022 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!