По неколку години пауза одново ќе се игра фудбал во рамки на Општинската фудбалска лига Струмица, што е една од заложбите на новото раководство на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица.
Сигурно е дека ќе има фудбал на општинско ниво, одново ќе се врати фудбалот и во малите места со што истите ќе заживеат фудбалски како во минатото.
За таа цел ОФС Струмица има веќе објавено и оглас за пријавување на сите заинтересирани екипи кои сакаат да учествуваат во новата сезона во ОФЛ Струмица, а за што веќе објави Спортска Мрежа.
Како што дознава Спортска Мрежа, ОФС Струмица и претседателот Илија Илиев – Рома уверуваат дека Општинска фудбалска лига во Струмица ќе има и дека ќе се игра фудбал, а за што веќе интерес од повеќе екипи.
Според информациите на Спортска Мрежа, сите клубови од општина Струмица, општина Василево, општина Босилово, општина Ново Село, општина Радовиш и општина Конче може да се пријават и да бидат дел од новата сезона 2025/2026 во Општинската фудбалска лига.
За сите информации и пријавување на екипи можете да контактирате кај претседателот на ОФС Струмица, Илија Илиев – Рома на 071 399 659, како и кај секретарот на ОФС Струмица, Столе Костадинов на 071 234 414, но и на е-поштата ofsstrumica@ffm.mk со цел да бидете дел од ОФЛ Струмица следната сезона.
Едно е сигурно – после неколку години се враќа општинскиот фудбал, а ќе бидат опфатени повеќе општини односно Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче.