Трета лигаФудбал

ФОТО: Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ ги започна подготовките – целта е влез во Втора лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Третолигашот Еуромилк ГЛ ги „запали моторите“ со првиот собир и првиот тренинг со што беше означен почетокот на летните подготовки за новата сезона.

Некогашниот прволигаш од скопско Горно Лисиче подготовките ги започнува со цел да се врати во Втората лига, а за што клубот веќе промовираше и неколку квалитетни засилување.

Досега клубот се засили со Никола Анчевски, Матеј Андов и Дамјан Зенговски кои во пакет пристигнаа од велешки Борец, со Матеј Јаневски од Вардар Неготино, потоа со Јовица Радевски од Детонит Плачковица, пристигна и Бојан Јанев од Кожуф, како и Фати Јусифи и Охрхан Мифтари кои во пакет пристигнаа од третолигашот БВК Коњаре.

ФОТО: Спортска Мрежа

 

Како што дознава Спортска Мрежа до крајот на преодниот рок клубот ќе се засили со уште неколку засилувања.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!