Прва лигаФудбал

Фламур Таири ги закачи копачките на клин – ја заврши својата професионална фудбалска кариера!

Сподели
Сподели

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација од 21 година, Фламур Таири ја заврши својата професионална кариера – ги закачи копачките на клин.

34-годишниот стружанец својата кариера ја започна во Караорман, од каде се пресели во Македонија ЃП, потоа беше дел од кичевски Напредок, Влазерими, Гостивар, Ренова и последно Струга Трим Лум, а дресот на струшкиот прволигаш го носеше од јануари 2017 година.

Таири во Албанија градеше меѓународна кариера, настапувајќи за екипите на Теута и Билис, а сега искусниот фудбалер реши да стави крај на својата богата фудбалска кариера.

„По многу години на зелените терени, дојде моментот да затворам едно поглавје од мојот живот – со срце исполнето со благодарност. Благодарам на ФК Караорман, Македонија ЃП, Напредок, Теута, ФК Гостивар, КФ Ренова, Билис и посебно на ФК Струга Трим & Лум, која беше мојот дом до самиот крај. Благодарност до соиграчите за секоја заедничка битка, до тренерите за довербата и до навивачите за љубовта. Но над сè, благодарам на моето семејство – за секоја жртва, поддршка и сила на секој чекор од патот. Ова беше еден сон што го живеев со цело срце. Му благодарам на фудбал“, напиша Таири на социјалните мрежи.

Искусниот фудбалер двапати беше шампион на Македонија со екипата на Струга Трим Лум во сезона 2022/2023 и 2023/2024.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!