Прва лигаФудбал

“Вечното” дерби уште во првото коло, шампионот Шкендија против Шкупи

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја направи ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), која ќе започне на 8 август. На свечениот настан одржан во хотелот „Хилтон“ во Скопје беа одредени редните броеви на сите дванаесет прволигаши, според кои е дефиниран и распоредот на натпреварите за сезоната 2025/26.

Сезоната стартува со дерби дуели уште во воведното коло. Актуелниот шампион Шкендија ќе се сретне со Шкупи, во судир кој секогаш носи голема возбуда и неизвесност. Во Скопје, пак, ќе се одигра вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер, кое секогаш привлекува огромно внимание.

Во останатите натпревари од првото коло ќе се сретнат:

Тиквеш – Работнички

Башкими – Арсими (кој оваа сезона е дебитант во елитата)

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Силекс – Брера

Новата сезона носи и важна структурна промена – од следната 2026/27 сезона, бројот на екипи во ПМФЛ ќе се намали на 10, што значи дека секој бод оваа година ќе биде од огромно значење во битката за опстанок.

Седум поранешни шампиони ќе се борат за титулата, а навивачите може да очекуваат една од највозбудливите сезони во последните години.

Од Прва лига директно во Втора лига испаѓаат последните три екипи (12, 11 и 10 место), а екипите на деветтото и осмото место ќе играат бараж за опстанок.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!