Во селото Јосифово и оваа година ќе се одржи 32-то традиционално издание на турнирот во мал фудбал „Јосифовско Лето 2025“, кој ќе започне на 8-ми август. Овој престижен спортски настан е симбол на летната спортска еуфорија во југоисточна Македонија и секоја година привлекува бројни екипи, спортисти и посетители.
Крајниот рок за пријавување на екипите е среда, 6 август 2025 година, а жрепката за натпреварите ќе се одржи истата вечер во кафе бар „Проект“ – Јосифово, со почеток од 20:00 часот.
Паричниот фонд е повеќе од атрактивен:
-
🥇 Прво место: 180.000 денари
-
🥈 Второ место: 100.000 денари
-
🥉 Трето место: 50.000 денари
-
🏅 Четврто место: 20.000 денари
Покрај главниот турнир во мал фудбал, организаторите најавуваат и натпреварувања во јуниорска и женска конкуренција, како и награди за најдобар стрелец, најдобар фудбалер и најдобар голман.
Како дополнителен адут, ќе се одржат и вторите спортски игри, кои вклучуваат:
-
Мал фудбал
-
Баскет 3×3
-
Пинг-понг
-
E-sport PS5 (FC25)
-
Шах
-
Пикадо
За сите информации и пријави, заинтересираните екипи може да се јават на контакт бројот 075/499-834
Организацијата е поддржана од бројни спонзори, а медиумски и спортскиот дух ќе го заокружат сплотеноста и традицијата на оваа спортска манифестација која го зближува регионот веќе три децении.
Спортска Мрежа од оваа година за првпат ќе биде медиумски покровител на овој голем спортски настан и ќе известува секоја вечер за сите спортски натпревари и настани.