Турнири

Мела Rent a Car и Штерјов Credy со високи победи на „Влатко Петров 2025“

Сподели
Сподели

Многу погодоци и високи победи во рамки на осминафиналето на меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“ во Чардаклија.

Le Mans со убедливи 9:2 го декласираше тимот на Матива, Б.Р. Сашо Гис со 6:2 го декласираше составот на Перо и Тајфата.

Екипата на Мела Rent a Car со 10:4 го „збриша“ составот на Радање, а пак тимот на Штерјов Credy со 6:1 го декласираше тимот на Физиоарт.

Вечерва на програмата ќе бидат два натпревари од четвртфиналето. Од 21 часот Шкорпион ќе гира со Штерјов Credy, а пак од 22 часот Благица Kitchen со Le Mans.

Во среда од 21 часот Б.Р. Сашо Гис ќе игра со Мела Rent a car, а од 22:30 часот Електро ДМ против Агросмарт ќе биде финале пред финале.

Спортска Мрежа од 2022 година е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!