Второлигашот Беласица за новата сезона значително ја засилување одбраната со искусно и проверено име, со што значително ќе се подигне квалитетот на струмичани за новата сезона во Втора лига, која стартува на 23 август.
Како што дознава Спортска Мрежа во таборот на Беласица, предводена од искусниот стратег Александар Стојанов доаѓа искусниот Коста Манев.
32-годишникот во Беласица ќе пристигне од редовите на прволигашот Брера Струмица, а низ својата кариера настапуваше за Македонија ЃП и Вардар во македонскиот шампионат, додека пак во Финска настапуваше за неколку екипи, како и за Велез Мостар од БиХ и Ал-Халдија од Бахраин, па во Беласица ќе носи големо искуство.
Новото засилување ќе биде промовирано денес или во текот на утрешниот ден, дознава Спортска Мрежа.
Екипата на Беласица во новата сезона ќе атакува на местата за пласман во Прва лига.