Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица се засили со Мисердовски и Казимоски

Сподели
Сподели

Екипата на Детонит Плачковица за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, продолжува активно да го комплетира ростерот. Клубот од Радовиш денеска претстави уште две нови засилувања.

Станува збор за Мартин Мисердовски и Јасин Казимоски.

22-годишниот Мисердовски е централен бек кој доаѓа од Работнички, тој потекнува од Њу Старс, а настапуваше и за екс второлигашот Кадино и Каменица Саса.

24-годишниот Казимоски во Радовиш пристигна од прилепска Победа, стружанецот е дефанзивен играч од средниот ред. Покрај за Победа има настапувано и за Воска Спорт, Новаци, Караорман кој е негов матичен клуб, Велешта, Охрид, кичевски Влазерими, за поранешниот прволигаш Младост Царев Двор од Ресен, Тетекс и Ренова.

Новите засилувања веќе се приклучија на Детонит Плачковица и работат со искусниот стратег Горан Здравков.

Радовишани градат млада и квалитетна екипа, со што повеќе од сигурно е дека “жолто-сините” ќе конкурираат за висок пласман.

Претходно радовишкиот второлигаш ги промовираше искусниот Сашко Дуков, Филип Ѓорѓиевски, повратникот Стефан Бабунски и Тино Спасиќ.

Веќе утре Детонит Плачковица ќе го одигра првиот контролен натпревар со екипата на Беласица во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!