Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалскиот терен во Росоман во очајна состојба – пример како не треба да изгледа еден терен!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во општина Росоман е во очајна состојба, далеку од терен на кој треба да се игра фудбал или пак терен кој треба да понуди одлични услови за игра.

На овој терен настапува ФК Росоман 83, клуб кој во минатото беше дел и од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) – Исток, но само една сезона, бидејќи тимот експресно се врати во Трета лига – Југ.

Од фотографиите може да се виде дека тревникот е целосно изгорен, зелена трева речиси и да нема, обрасната трева, теренот не е обележан, а ниту пак мрежите на головите не се во некоја добра кондиција.

Во секој случај ова не е добра слика за тоа како треба да изгледа еден фудбалски терен, а повеќе од сигурно е дека овој терен го очекува многу работа со цел да се врати во потребното руво, за да може да има идеални услови третолигашот Росоман 83 да ги игра своите натпревари.

Ова е пример како не треба да изгледа еден фудбалски терен и пример дека треба да се води многу поголема грижа за фудбалските терени, бидејќи лесно е да се изгради, тешко е да се одржува, барем тоа можеме да го заклучиме од овие фотографии.

Пример за тоа како треба да изгледа еден терен особено на екипа која е дел од Трета лига или Четврта лига е теренот на ФК Македонија Агино во кумановско Агино Село, а за што Спортска Мрежа веќе има објавено.

ФОТО: Теренот на ФК Македонија Агино во перфектна состојба за дербито со Четирце

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!