Втора лигаФудбал

Второлигашите натпреварот мораат да го започнат и завршат со три домашни фудбалери под 21 година!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Нови промени во пропозициите за следната натпреварувачка сезона 2025/2026 во Втората македонска фудбалска лига.

Согласно пропозициите за Втората лига за сезона 2025/2026, второлигаши натпреварот мораат да го започнат и завршат со три домашни фудбалери под 21 година.

Ваквите промени доаѓаат со цел да им се даде повеќе шанса за игра на младите фудбалери.

Согласно член 20б од пропозициите во ставот 1 се вели дека сите клубови учесници во Втората лига, натпреварот мора да го започнат и завршат со 3 (три) домашни фудбалери, кои немаат навршено 21 година.

  • Еве што вели членот 20б од пропозициите за Втората лига за сезона 2025/2026:

Член 20б (1) Сите клубови учесници во Втората лига, натпреварот мора да го започнат и завршат со 3 (три) домашни фудбалери, кои немаат навршено 21 година.

(2) За екипата која, од причини поврзани со Ковид или друг предизвикувач, остане со 11 фудбалери кои можат да настапат, став (1) не е задолжителен.

(3) Во натпреварувачката сезона 2025/2026 година, право на настап како фудбалери до 21 година, во смисла на Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2004 година и подоцна.

(4) Фудбалерите од став (3) на овој член имаат право на настап како фудбалери под 21 година за времетраење на целата натпреварувачка година.

(5) Клубот нема обврска натпреварот да го заврши со пропишаниот број на фудбалери кои немаат навршено 21 година доколку се искористени сите можности за измена или доколку фудбалер/ите под 21 година се исклучени.

(6) Доколку некој од фудбалерите од став (1) е повреден, треба да биде заменет со фудбалер до 21 година. Во случај и тој фудбалер да се повреди, клубот нема обврска натпреварот да го заврши со фудбалер кој нема навршено 21 година.

(7) Домашниот фудбалер од став (1), кој согласно правилата на ФИФА има право на настап и за странска репрезентација (на официјален и/или неофицијален натпревар), доколку пред или за времетраењето на првенството биде повикан и одбере да настапува за странската репрезентација, го губи статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година – се до настап за селекција на ФФМ, кога повторно го стекнува статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година.

(8) Доколку фудбалер бил повикан и одбрал да настапува на официјален натпревар за странска репрезентација во некоја претходна сезона, со настап за селекција на ФФМ (на официјален и/или неофицијален натпревар со друга странска репрезентација) повторно го стекнува статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година.

(9) Во временски период од 48 часа, фудбалерите имаат право да настапат на најмногу 3 (три) полувремиња, од кои најмногу 2 (две) полувремиња за период од 24 часа.

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) започнува на 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!