Турнири

Гостилница кај Џек со доминација на „Влатко Петров 2025“, вечерва следуваат нови фудбалски возбудувања!

Сподели
Сподели

На меморијалниот турнир во мал фубдал „Влатко Петров 2025“ во штипска Чардаклија продолжува вистинската фудбалска фешта. Синоќа екипата на Гостилница кај Џек го потврди статусот на фаворит со дури три одиграни натпревари и две убедливи победи – против Матива (9:3) и Puzzle (9:1), но беше поразена од моќниот тим на Mela Rent a Car со 12:9. Вечерта заврши со доминантна победа на Штерјов Credy над Динамо Штип (8:0).

  • Резултати од вчера (22.07):

20:50 Гостилница кај Џек 9:3 Матива

21:40 Гостилница кај Џек 9:1 Puzzle

22:30 Mela Rent a Car 12:9 Гостилница кај Џек

23:15 Штерјов Credy 8:0 Динамо Штип

  • Најава за денес (среда, 23 јули):

Вечерва не очекува продолжение од спектаклот! Програмата започнува со доигрување на 2. полувреме меѓу ФизиоАрт и Multifix Битола, а потоа следат интересни дуели во борбата за пласман.

  • Распоред на натпревари:

19:30 ФизиоАрт – Multifix Битола (доигрување на второ полувреме)

20:00 Чардаклија – Електро ДМ

20:50 Електро ДМ – Multifix Битола

21:40 Mela Rent a Car – Puzzle

22:30 Штерјов Credy – Хемија

Спортска Мрежа е медиусмки покровител на овој спортски настан од 2022 година, а екипата на Електро ДМ е бранител на шампионскиот пехар освоен минатата година.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!