Прва женска фудбалска лигаФудбал

Поранешниот шампион ЖФК Каменица Саса го исплати долгот – ФИФА експресно ја тргна блокадата за трансфери!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса експресно реагираше по известувањето од ФИФА за забрана за трансфери, поради неисплатен долг кон странска фудбалерка. По само два дена, клубот ја подмири обврската и успешно беше тргната блокадата, со што повторно има право на регистрација на нови фудбалерки.

ФИФА и натаму е децидна во ставот – пријавите за неисплатени договорени средства од страна на странски играчи или тренери се санкционираат со забрана за трансфери. Претходно со ваква мерка беа соочени Шкупи и Воска Спорт, а откако Шкупи ја среди ситуацијата, само охридскиот клуб остана на листата. Но, Воска Спорт е исфрлен од Прва во општинска лига.

ЖФК Каменица Саса, кој своевремено беше шампион на Македонија, покажа професионалност и сериозност со брзата реакција и ја заврши процедурата, па сега може слободно да регистрира нови фудбалерки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Јас верувам во овој тим и убеден сум дека со заедничка работа можеме да направиме многу повеќе во периодот што следи

По натпреварот со Естонија, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, истакна дека националниот тим минува низ процес на создавање нова...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!