Останато

Четворица македонски тенисери настапуваат на Европското првенство до 14 години во Чешка

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Четири млади македонски тенисери – две девојчиња и две момчиња – ја претставуваат Македонија на Европското првенство до 14 години, кое се одржува во Мост, Чешка. Во машката конкуренција настапуваат Марко Алексовски и Алексеј Стојановски, додека кај девојчињата боите на Македонија ги бранят Деа Крстевска и Ивана Божиновска.

На самиот старт од шампионатот, Марко Алексовски забележа убедлива победа над Ник Вирц од Луксембург со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). Во наредната рунда, односно третото коло, Алексовски одигра борбен меч против петтиот носител Лоренс Драјвер од Холандија, но загуби со 2-0 (6-2, 7-6).

Алексеј Стојановски, пак, го заврши настапот во главниот дел од турнирот уште во првото коло, со пораз од Александар Бисеров од Швајцарија со 2-0 во сетови.

Кај девојчињата, Крстевска и Божиновска беа слободни во првата рунда, но во второто коло претрпеа порази. Крстевска загуби од Марија Магро, а Божиновска беше поразена од Викторија Хомутова од Летонија – двете со идентичен резултат од 2-0.

Стојановски, Крстевска и Божиновска го продолжуваат настапот на утешниот турнир. Во првата рунда ќе игра само Крстевска против Викторија Лантерни Монако од Италија, додека Стојановски и Божиновска се слободни. Алексовски, поради тоа што стигна до третото коло, нема право на настап во утешната конкуренција.

Во игра на двојки, Алексовски и Стојановски ќе се соочат со противници од Грузија, додека Крстевска и Божиновска ќе играат против двојка од Словачка. Мечевите се закажани за денеска, подоцна во текот на денот, исто како и натпреварот на Крстевска во утешниот турнир.

Настапот на Европското првенство претставува вредно искуство за младите македонски тенисери и тенисерки. Покрај натпреварите, тие добиваат меѓународно спортско искуство, можност за дружење со врсници од цела Европа, како и гордост од носењето на репрезентативниот дрес.

Македонската делегација во Чешка е предводена од селекторот Владимир Чубриновски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!