Втора лигаФудбал

Анџело Николовски повторно во дресот на Брегалница!?

Сподели
Сподели

Второлигаш Брегалница добива големо засилување за новата сезона, 23-годишниот Анџело Николовски се враќа во својот матичен клуб, каде што и ја започна својата фудбалска приказна, дознава Спортска Мрежа.

По успешната сезона во редовите на Македонија ЃП, во која запиша три погодоци и девет асистенции, Николовски повторно ќе биде дел од тимот на Брегалница кој под водство на стратегот Влатко Костов ги започнува подготовките за сезоната 2025/26.

Николовски се враќа во старото јато, ср враќа во родниот град и ќе го носи дресот на матичниот клуб.

Николовски кој игра како лев бек, а може и како лев стопер беше на радарот на екипи од Косово и Македонија, но искусниот фудбалер се одлучи да ја прифате понудата на Брегалница и да се врати во матичниот клуб.

Во својата досегашна кариера, покрај Брегалница и Македонија ЃП, Николовски настапуваше и за Детонит Плачковица, Гостивар и Кит Го.

Денес е закажана прес-конференцијата на Брегалница, а на која ќе бидат претставени официјално новата управа и новиот стручен штаб, засилувања, планови и цели.

Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за денес.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!